СТРАНИ ВО ОБЛОГАЦИОНЕН ОДНОС СО ПРИЧИНУВАЊЕ НА ШТЕТА
1.Вовед
За настанување на облигационите односи со причинување на штета потребно е да постојат страни на тие односи ,страна на оштетен и страна на штетник.Помеѓу овие две страни треба да постои дејствие кое ќе ги поврзе во даден облигационен однос.Значи треба да имаме дејствие со кое е причинета штета тоа е така наречено штетно дејствие ,потоа да има настаната штетна последица од тоа штетно дејствие ,штета и мора да постои причинско последична врска помеѓу штетното дејствие и штетата така наречена каузална врска. Покрај овие услови треба да бидат и исполнети одредени посебни услови а тоа се вина и постоење на ствар или дејност кои преставуват извор на зголемена опасност.
Облигациониот однос кој настанува со причинување на штета преставува еднострано обврзувачки облигационен однос во кој за страната на штетникот произлегува обврска да ја исплати штетата ,а за страната на оштетениот право да бара да му биде надоместена штетата .Страна на должник е штетникот ,а страна на доверител е оштетениот .Страната на должникот моше да биде проста (составена од едно физичко или правно лице ) и сложена (составена од повеќе физички или правни лица).
Општо правило е дека секој одговара за причинетата штета која ја причинил по своја вина,но има и исклучок од ова правило кога едно лице одговара за штета која ја предизвикало трето лице ( одговорност на родителот и старателот за штетата која ја предизвикале малолетни лица или лица за кои тие се грижат ,одговорност на работната организација за штетата предизвикана од нејзините вработени во врска со работата на трети лица).Постои одговорност на сопственикот односно корисникот за штета која потикнува од опасни ствари.Постојат три вида на одговорности за штета :одговорност по основ на вина ,одговорност за друг и одговорност за опасни ствари.Кај граѓанската одговорност на лице за штетата што ја причиноло важи правилото „кој на друг му причинил штета по своја вина должен е да ја надокнади ,таа надокнада е во паричен износ или во враќање на стварта во поранешна состојба (реституција).
2.Штетник
Штетник е лице физичко или правно кое е страна во облигациониот однос и одговара за причинетата штета.За да може да се појави на страната на штетник мора да има правна сособност(можност да се биде носител на граѓанско субјективни права и обврски )и лицето мора да биде деликтно способно (можност на лицето да одговара за сторениот деликт), во овој случај лицето одговара за причинетата штета.Едно лице може да биде деликтно неспособно тоа се децата до 7 годишна возраст и лицата кои се на 14 годишна возраст се душевно болни или се со заостанат психички развој ,и лицата кои се способни да причинат штета а се деликтно неспособни во смисла не одговарат за причинетата штета лично тие.Малолетните деца до 7 годишна возраст се способни со своите дејствија некому да причинат штета но тие се деликтно неодговорни и за сторениот деликт одговарат нивните родители.Лицето кое причинува штета а не одговара за неа е фактички штетник ,а лицето кое ја сторило штетата и одговара за неа е деликтно способен е штетник во правна смисла на зборот .Понекогаш може правниот штетник и фактичкиот штеник да не се едно исто лице (примерот со седум годишното дете кое сторило некоја штета и неговиот родител кој одговара за сторената штета од страна на својот син).
Според законот за облигациони односи физичките лица со деликтна способност ,способност да одговарат за причинетата штета, се стекнуват со навршени 14 години возраст,тие лица се сметат за психофизички способни да может да го сватат значењето на своите остапки и на последиците предизвикани со своето однесување . Возраста на која се станува деликтно способен е различна од онаа на која се станува деловно способен.Деликтната способност на лицата со 14 годишна возраст е поврзана со нивната вина .Во ЗОО во член 147 за одговорност на малолетни лица :
(1) Малолетник до наполнета седма година не одговара за штетата што ќе ја причини.
(2) Малолетник од наполнета седма година до наполнета четиринаесетта година не одговара за птета, освен ако се докаже дека при причинувањето на штетата бил способен за расудување.
(3) Малолетник со наполнети четиринаесет години одговара според општите првила за одговорност за штета.
Лицата кои на друг ќе му причинат штета во состојба на оматена свест во која се довеле поради пијанство или опојни и наркотични средства ,не по своја вина ,не одговараат тие за причинетата штета ,за причинетата штета одговара лицето кое ги довело во таа состојба на поматена свест не по нивна волја,ЗОО член 147: (1) Лице кое поради душевна болест или заостанат умствен развој или од кои и да е други причини не е способно за расудување, не одговара за штетата што ќе му ја причини на друг.
(2) Тој што ќе му причини штета на друг во состојба на преодна неспособност за расудување, одговорен е за неа, освен ако докаже дека во таа состојба не се нашол по своја вина.
(3) Ако во таа состојба се нашол по туѓа вина, за штетата ќе одговара оној што го довел во таа состојба.
Малолетните деца до 7годишна возраст се целосно деликтно неспособно,тие не одговарат за штетата што ќе ја причинат,во овој случај тие се јавуват како фактички штетници но не и правни ,правен штетник е нивниот родител или старател.Овие лица ,родителите и старателите не можат да се ослободат од одговорност за предизвиканата штета со докажување дека во тоа време на вршење на надзор и на родителско право тие постапувале со должно внимание . Малолетниците кои имат навршено 14 години се деликтно способни ,тие можат да засноват работен однос и да располагат со својата заработувачка на 15 годишна возраст ,на 14 годиние веќе можат да превземат одредени правни дејства со дозвола на своите родители .Во овој случај може да одговараат родителите ако се утврди дека родителите пропуштиле правилно да го воспитат своето малолетно дете.
Децата од 7 години до 14 години се ограничено деликтно способни .Тие се деликтно способни ако можеле да го сватат значењето на своите постапки и ако знаеле дека со своето дејство некому ќе предизвикат штета.Во овој случај родителите се солидарно одговорни за причинетата штета и оштетениот можа да бара намирување на штетата од едниот или од двата родители .
Неможе да се рече дека родителите се немоќни правилно да го воспитат својот малолетник кој во фазата на пибертет покажал асоцијално и девијантно поведение ,тие се должни со зголемено родителско внимание правилно да го воспитат малолетникот.
Родителот и старателот на малолетник над 14 години се одговорни за причинетата штета ако се докаже дека тие не постапиле со должно внимание на совесен и добар родител и не го воспитале своето дете .
Овде се наведени некои случаеви од судската пракса :
1.Малолетник стар 15 години лично одговара за причинетата штета која ја причинил на друг ударајќи го со тврд предмет по глава и нанесувајќи му тешки телесни повреди-не одговара родителот бидејќи се воспоставило дека родителот не го занемарил воспитувањето на својот син .(Врховен суд на Југославија ,Рев.4003/64)
2.Родителите се одговорни за штетата што ја направил нивниот син кој има 17 години доколку го занемариле потребниот надзор или имале пропуст во воспитувањето .(Врховен суд на Југославија Рев.2020/64
3.Постои одговорност на родителите за штетата која ја предизвикала нивната 13 годишна ќерка која оштетената ја турнала на од задгрб од велосипедот и при што оштетената се здобила со тешки телесни повреди .За одговорност на родителите потребна е и обично невнимание и пропуштен надзор над постапките на своето дете кое инаку важи за добро воспитано дето ,кога со таквите постапки ќе предизвика штета на друго лице(Врховен суд на Југославија Рел.106/67).
2.1Одговорност на старателот за лица кои се целосно лишени од деловна способност .
Полнолетните лица кои се заболени од некоја душевна болест поради која им е целосно одземена деловната способност тие лица се потполно деликтно неспособни и се изедначуват со децата на 7 годишна возраст.Новниот старател одговара за штетата која тие лица ќе ја предизвикаат исто како кај малолетните лица .Старателот одговара по принципот на претпоставена одговорност .Ако тоа дествие лицето го сторило во времето на своите „светли моменти„ lucidum intervallum ,неговата одговорност се изедначува со одговорност на малолетник способен за расудување .Постоењето на „светлите моменти„ во времето на предизвикување на штета треба да се докаже што преставува многу сложена постапка .Ако старателот на такво лице ја исплатил штетата настаната во време на „светли моменти„ тој има право на регрес за изност што го исплатил.
Ако за штетата која ја предизвикало умоболно или слабоумно лице надокнада неможе да се добие од лицето кое било должно да воде надзор согласно начелото за правичност штетата ќе се намири од имотот кој го има тоа умоболно лице.Тоа е случај кога старателот и оштетениот се сиромашни а штетникот има имот од кој може таа штета да се подмири, ова се нарекува одговорност по основ на правичност .
2.2Деликтна способност на правни лица
Правните лица со деликтна способнот се стекнуват со моментот на нивното основање или признавање како такви од страна на државата .Нивната одговорност е одговорност во врска со штета која нивните работници или нивните органи во врска со работата ќе им ја предизвикат на трети лица.Во нашиот ЗОО во член 157 и 158 е наведена одговорноста на работодавачот и одговорноста на правно лице за штетата што ќе ја причини негов орган:
Одговорност на работодавецот
(1) За штета што работникот во работата или во врска со работата ќе му ја причини на трето лице одговара работодавецот кај кој работел работникот во моментот на причинување на штетата, освен ако докаже дека работникот во дадените околности постапил онака како што требало.
(2) Оштетениот има право да бара надомест на штетата и непосредно од работникот ако штетата ја причинил намерно.
(3) Со одредбата од став (1) на овој член не се засега во правилата за одговорноста за штета што потекнува од опасен предмет или од опасна дејност.
(4) Работодавецот кој на оштетениот ќе му ја надомести штетата што работникот ја причинил намерно или со крајно невнимание, има право од тој работник да бара надомест на платениот износ.
(5) Тоа право застарува од шест од денот на исплатениот надомест на штетата.
Одговорност на правно лице за штета што ќе ја причини негов орган
(1) Правно лице одговара за штета што ќе му ја причини негов орган на трето лице во вршењето или во врска со вршењето на своите функции.
(2) Ако за определен случај не е нешто друго определено во законот, правното лице има право на надомест од лицето кое штетата ја причинило намерно или со крајно невнимание.
(3) Тоа право застарува во рок од шест месеци од денот на исполатениот надомест на штетата.
2.3Одговорност за надокнада на штета причинета од животни
Одговорност за надокнада на штета настаната од домашни животни така и од диви животни кои сопственикот ги има во своја сопственост и ги чува во кафез или на друг начин. Правно е правило да за штетата која ја предизвикало домашно животно одговара нејзиниот сопственик без разлика дали животното се наоѓа кај нејзиниот сопственик или е залутана или побегната. Сопственикот на животните одговара не само за штетата која животните ја направиле на на трети лица туку и за штетата која ја направиле неговите животни на лицата во негова слижба на кои им е доверено да се грижат за тие животни или да работат со нив.
На исти начин одговара сопственикот за штетата која ќе ја направи диво животно (циркус ,зоолошла градина и др.). Кај дивите животни сопственикот е должен да превзема строги мерки на внимание за спречување на опасност.
Сопственикот одговара за штетата која уплашеното животно ќе му ја направи на лице кое доброволно се обидело да го фате и смире животното.Сопственикот се ослободива од одговорност ако се докаже дека до штетата настанало поради виша сила или по исличителна вина на трето лице ,или по вина на оштетениот .Ако е за штетата делумно виновен оштетениот –сопственикот делумно се ослободува од одговорноста.ако за штетата е делумно виновно трето лице тоа солидарно одговара со сопственикот на животното,сразмерно на тежината на својата вина.Ако шивотното има некоја мана поради која може да дојде до предизвикување на штета ,тој е должен за тоа да му обрне внимание на лицето на кој му го доверил животното на чување или да се служи со него.Ако тоа не го направе одговара за настанатата штета.
3.Оштетен
Оштетен е страна на облигациониот однос кој настанува со причинување на штета.Тој се здобива со право да бара од штетникот да му ја надомести настанатата штета.Надоместувањето може да биде вредносно или натурално ,враќање во поранешната состојба .Како оштетен може да се јави секое физичко и правно лице ,услов е да му е причинета штета и да имат правна способност.Исклучок од ова правило дека за да се биде страна на оштетен мора да се има правна способност е кај зачетокот (naciturus –om) , но под еден услов да се роди живо .Целта е да се обезбеде заштита на зачетокот во овој случај ,надомест на штета претрпена со повреда на неговото тело.
Во некои случаи како страна на оштетен може да се појави и идното потомство кое не е ни во форма на зачеток во моментот на причинувањето на штетата .Тоа е случај со иден зачеток од мајка која претрпела некоја генетска штета настаната како резултат на радиоактивно зрачење .
За да се појават зачетокот или идното поколение како страни на оштетен потребно е да се исполнат два услови.Првиот е :штетата директно на нив да им е причинета (повреда на рака ,нога глава или сично на зачетокот,повреда на гените на идниот зачеток на потомството) ,и вториот услов е:тие да се родат живи.Со исполнување на овие услови живороденото дете е страна на оштетен и нему му припаѓа право на надомест на штета.Ако детето се роди мртво как страна на оштетен е мајката ,оштетувањето на зачетокот е телесна повреда на мајката како носител на тој зачеток.
Врз основ на предизвикана штета како оштетен се јавува лицето врз кое директно настанала штетата (повредено лице или некоја негова ствар е уништена).Но ако штетата настанала со некој деликт може како страна на оштетен да се појави и некој посредно оштетен тоа е лице кое посредно претрпело штета .Посредниот оштетен е овластен да бара надокнада само кога деликтот и кон него има против правен карактер,што значи ако штетникот со своето дејствие ја повредил не само нормата чија цел е заштита на правата на непосредно оштетеноит туку и нормата со која се штитат правата на посредно оштетениот .Ова се прави со анализа на секој поединечен случај каде со деликт се предизвикува штета.Така во случај на одземање на живот ,односно на слобода ,лицата кои ја изгубиле издржката се посредно оштетени и се овластени да бараат од штетникот надокнада бидејќи тој одземајќи го животот односно слободата на нивниот издршувач ,ја повредил и нормата со која се штити правото на издржка. Но доверителот на истиот тој човек кој е лишен од живот или од слобода, иако и тој посредно претрпел штета (бидејќи неможе да си ги подмире своите побарувања кои ги има во однос на убиениот ) не е овластен да бара од штетникот оштета бидејќи штетникот не ја повредил нормата чија цел е заштита на интересите на доверителот.
Ако е штета предизвикана со повреда на облигација оштета може да бара само оштетениот доверител, бидејќи должникот е во облигационен однос само спрема него (релативен карактер на облигационите односи). Пример ако некоја фабрика за машини А која склучила договор со некоја фабрика Б да и испорача машини за производство на чевли ,и истата не го исполнила договорот не ги испорачала потребните машини,оштета може да бара само фабриката Б а не и некое трговско друштво Ц кое се занимава со продажба на чевли и кое има склучено договор со фабриката Б да и испорача одредена количина на чевли ,па посредно и таа претрпела штета бидејќи фабриката Б не и ги има испорачано чевлите .Значи помеѓу трговското друштво Ц и фабриката А не постоел облигационен однос ,кој и неможе да биде повреден од страна на фабриката А , затоа и неможе Ц да бара оштета од А.
За штетата која е настаната со повреда на облигација на оштетениот доверител одговара само неговиот должник ,но не и негивите помошници или третите лица кои должникот го спречиле да ја исполне облигацијата .Трето лице може да биде одговорно на доверителот само ако злонамерно го спречило извршувањето на облигацијата од страна на должникот ,но во тој случај станува збор за деликт на трето лице спрема доверителот ,предизвикана штета со деликт од трето лице.
Ако некое лице одговара за штета која не ја направил директно тој например работодавачот одговара за штетата што ја предизвикал неговиот вработен кон трети лица ,по правило опсегот на одговорноста на ова лице се изедначува со вината на причинителот.Тој одговара онака како тој да ја направил штетата .Но од друга страна тоа лице ако штетата е предизвикана со вина на причинителот може да бара да му го надокнади износот кој е исплатен на оштетениот .
Работниците кои работат со машини ,во услови каде се изложени на јонизирачки зрачења ,загаденост и опасност по здравје, работникот доаѓа во ситуација да претрпе оштета на работното место ,понекогаш и да го изгубе животот.Се поставува прашање дали кај одговорност за штета која при користење на опасни ствари ја претрпе работникот на работата ли во врска со работата треба да се поаѓа од принципот на обкективна одговорност или од принципот на субјективна одговорност.Обично во пракса се поаѓало од принципот на субјективна одговорност ,се поаѓа од фактот дека работникот како субјект во работниот процес се изложува на опасност ракувајќи со машините и други опасни работи и тој треба да биде стручен за управување со такви машини. Ако со машините управува стручно ,правилно и со должно внимание нема сам по себе да си предизвика опасност. Доколку машините и средствата не се исправни , тие се со некои недостатоци ,ако небиле снабдени со пропишани средства за заштита на работникот и на работното место и поради тоа настане повреда или смрт на работникот ,тогаш покрај надокнадата од социјалното осигорување ,работната организација е должна да му ја надокнаде на работникот односно на неговото семејство предизвиканта штета. Ако ранжботникот својата повреда ја предизвикал исклучиво по свое невнимание на работата или во веза со работата ,значи во своја вина , работната организација не е должна да ја надокнади чтетата на работникот ,односно на неговото семејство. Доколку до повредата е дојдено не само по вина на работникот туку и поради пропусти на органите на работната организација ,не е воден надзор ,што работниците не ги користеле потребните средтва за заштита( не ги користел наочарите за заштина при работа кои му биоле дадени и слично)за штетата е одговорна и рботната организација и надокнадата на штета се одредува по принципот на поделена одговорност-се намалува износот на утврдената штета за онолку колку што изнесува процентот на вината на работникот.
4.Заклучок
За да настане еден облигационо правен однос со причинување на штета мора меѓу другото да имаме страни на тој однос.Страни се оштетен и штетник каде на секоја од оваа страна може да се најдат физичко или правно лице .Услов и штетникот и оштетениот да имат правна способност ,во одреден случај на страна на оштетен може да се појави и зачетокот,и лицето кое се појавува како штетник потребно е да има деликтна способност и од ова има исклучок ,каде поради принципот на справедливост за штетата која ја има предизвикано лице кое не е деликно способно одговара неговиот родител или законски застапник .Како страна на штетник може да се појаве правно лице кое одговара за штетата која ја предизвикал некој вработен на трето лице во врска со работата .На страна на штетникот може да се појаве едно лице имаме проста страна и во одредени случаи страната на штетнокот може да ја сочинуваат повеќе лица имаме сложена страна и во тој случај сите лица солидарно одговарат за причинетата штета .Солидарниот должник кој ќе исплати повеќе од што изнесува неговиот дел има право да бара од другите солидарни должници да му го надоместат она што платил за нив.
За да едно лице се појави како штетник треба да се докаже дека тоа лице со некое свое штетно дејствие придонел за да настане штета на другото лице .За страната на оштетениот произлегува право да да бара да му се надомести причинетата штета ,а за страната на штетникот произлегува обврска да ја намири таа штета.Ова престанува едностран облигационен однос.Намирувањето на штетата е парична или со враќање на оштетената ствар во поранешна состојба , а понекогаш може да се бара и јавно извинување ,повлекување на изјава со која е сторено повредата ова е случај кога се бара наматеријално надоместување во случај на нематеријална штета , морална сатисфакција .
5.Користена литература
1. Гале Галев, Јадранка Дабовиќ Анастасовска „ Облигационо право„Скопје,2009 год.
2. Др. Стеван Јакшич„Облигационо право„Сараево,1960 год.
3. Сретен Живкович„Надокнада штете-имовинске и неимовинске „Белград1970 год.
4. Закон за облигациони односи„Службен весник на Р.М„ бр. 18/2001
Содржина
1. Вовед......................................................................................1
2. Штетник..................................................................................2
2.1.Одговорност на старателот за лица кои се целосно лишени од деловна способност.................................................5
2.2 .деликтна способност на правни лица ................................6
2.3.Одговорност за надокнада на штети предизвикани од животни.........................................................................................7
3. Оштетен....................................................................................8
4. Заклучок..................................................................................12
5. Користена литература ..........................................................13
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.maturski.org je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!